Ги жалам оние на кои им шепнала партијата дека е можно да ги кандидираат за градоначалници и советници во општините... па почнуваат со постови за смислата на животот, семејните вредности, па колку фини, чесни и хумани. Ве знаеме што "луѓе" сте, не глумете демохристијани!
Државата е лом. Ниту еден политичар не направил нешто за подобар живот на граѓаните. Једино за што се борат е дојдат на функција, а ние ги гласаме за да они си уживаат. Да ја гледаш државава од страна е како некој мангуп на батерии кој шета и вози скапи коли, а е задужен до гуша
Мицко прекрасна четврта година ја терал како претседател на ВМРО. Навистина еден преубав период од неговиот живот. Фино! А дали некад ги прашал другите како тераат?!
Луѓе со големи животи зад нив се големи лидери.Мали луѓе со мали животи зад нив, се мали македонски диктатори.Тие се чувствуваат загрозени од сѐ што не можат да контролираат.Скромниот ум контролата ја остварува со закана и поткуп, затоа што нема идеја и нема лојални на идејата.
Едни молчат од ирационален страв, други од што немаат или не знаат што да кажат, трети затоа што на ситно профитираат од покорноста, а некои од што сфатиле дека немаат кому да кажат. Сите заедно се губитници.
Wannabe chiefs зад себе немаат создадена лидерска вредност, немаат идеологија и лојални соработници заради идеологијата и визијата.Уценети се заради “флеки” во минатото, а некои се со комплекси кои ги “лекуваат” преку позицијата.Воглавно личат на стрини што се караат преку плот.
За бедата на личностите во македонското собрание и воопшто во македонската политика, во сите фирми регистрирани како партии, медицината и психијатријата немаат дијагноза. Дното на општеството исплива на површина и одлучува за иднината на земјата и на македонската нација.
Ако на ВМРО гледате како на опозиција, вашата дијагноза би била точна, но ако ги видите за тоа што се, поддржувачи на власта во сите нејзини деструктивни политики, со желба и во надеж да бидат инсталирани на власт, нивното однесување е сосема разбирливо.
Има ли подобар доказ за безвредност на личноста, од функција заради послушност? Колку повисоко во таа хиерархија, толку посигурен доказ за немање карактер.
Не постојат исти, но недоволно добрите се подеднакво лоши како криминално лошите. Дали гласаш за криминално лоши или за недоволно добри, подеднакво соучествуваш во деструкцијата на Македонија и на Македонецот.
Народот зборува, не ќути. Нема опозиционен лидер, организација и идеја околу која ќе се обедини. Тие што денес се нудат како “спасители”, вчера беа соучесници во уништување на македонската држава. Народот со право не им верува.
Власта треба да се смени со подобра. Но зошто јас, вие, Македонецот, да бидеме соучесници во доаѓањето на власт на луѓе кои ниту декларативно не ветуваат промена на политиката која е деструктивна за Македонија и особено за Македонците? Само затоа што мафтаат со македонско знаме?
Програма? Од која партија чекате програма? Немаат библиотеки, немаат идеолози, немаат идеологија. Врз основа на што, да креираат и презентираат програма? Сѐ што можат и знаат е да набројат полуписмено и нелогично, список на желби и намери, без изградена основа да ги реализираат.
Оставки на сите искомпромитирани во “бомбите“ ќе беше во интерес на ВМРО и на Македонија. Избор на ново (легитимно и легално) раководство на ВМРО, на генерални избори на кои гласаат сите членови, ќе беше во интерес на ВМРО и на Македонија.