Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska)

@gogamkd

Претседателка на Македонија, President of Macedonia, сопруга, мајка, професорка, активистка, експертка, вегетеријанка, рокерка

ID: 1107046669235965952

linkhttp://president.mk/ calendar_today16-03-2019 22:31:08

1,1K Tweet

6,6K Followers

257 Following

Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Со лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на #СтрушкиВечериНаПоезијата. Честитки до носителите на највисоките признанија на еден од најстарите светски поетски фестивали, кој повеќе од шест децении е гордост на македонската држава и култура.

Со лауреатот, добитничките на награди и организаторите на 63. издание на #СтрушкиВечериНаПоезијата.
Честитки до носителите на највисоките признанија на еден од најстарите светски поетски фестивали, кој повеќе од шест децении е гордост на македонската држава и култура.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Распеана и разиграна атмосфера за време на средбата со моите денешни гости – членовите на хорот „Златно славејче“. Им благодарам за безвременските рефрени и им посакувам уште многу хитови кои ќе се слушаат и од идните генерации.

Распеана и разиграна атмосфера за време на средбата со моите денешни гости – членовите на хорот „Златно славејче“.

Им благодарам за безвременските рефрени и им посакувам уште многу хитови кои ќе се слушаат и од идните генерации.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Средба со Никола Кимовски, директор на NU MNT. Разговаравме за подготовките за новата сезона, која ќе биде означена во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“, како и за престојниот јубилеј – 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година.

Средба со Никола Кимовски, директор на NU MNT.

Разговаравме за подготовките за новата сезона, која ќе биде означена во септември, со свечено отворање на летната сцена „Славиша Кајевски“, како и за престојниот јубилеј – 80 години МНТ, што ќе биде одбележан во 2025 година.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Со организаторите и поддржувачи на 37. Охридскиот пливачки маратон. Верувам дека Охрид и годинава ќе биде на мапата на успешни пливачки маратони. Многу успех на сите учесници кои во сабота ќе се натпреваруваат на пливачката патека „Климе Савин“.

Со организаторите и поддржувачи на 37. Охридскиот пливачки маратон.

Верувам дека Охрид и годинава ќе биде на мапата на успешни пливачки маратони.

Многу успех на сите учесници кои во сабота ќе се натпреваруваат на пливачката патека „Климе Савин“.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните. Нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Празнувањето на Успението на Пресвета Богородица значи славење и почитување на традициите и на семејните вредности, и затоа со добри мисли и со љубов да им помагаме и да им даруваме на ближните.

Нека ни е честит големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Присуство на светата литургија по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид. Нека ни е честит празникот и за многу години.

Присуство на светата литургија по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид.

Нека ни е честит празникот и за многу години.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Добредојде за новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел. Верувам дека високо-развиените билатерални односи кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и партнерски односи во наредниот период ќе се збогатат со нови содржини на соработка. 🇲🇰 🇳🇱

Добредојде за новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. Со Франција изградивме динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области на коишто верувам дека ќе им се додадат нови содржини и форми во иднина. 🇲🇰 🇫🇷

Започна 37. Охридски пливачки маратон. Многу среќа и успех на сите натпреварувачи. Нека победат најдобрите. #ОхридскиПливачкиМаратон

Започна 37. Охридски пливачки маратон.
Многу среќа и успех на сите натпреварувачи.
Нека победат најдобрите.
#ОхридскиПливачкиМаратон
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Во посета на работилницата на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Поддршка за ентузијазмот, креативните идеи и заложби на охридските средношколци за заштита на уникатниот екосистем и ендемските видови во Охридското Езеро.

Во посета на работилницата на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.
Поддршка за ентузијазмот, креативните идеи и заложби на охридските средношколци за заштита на уникатниот екосистем и ендемските видови во Охридското Езеро.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Честитки до бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис кои први испливаа до целта. Им честитам и на сите останати натпреварувачи кои дадоа сѐ од себе. #ОхридскиПливачкиМаратон

Честитки до бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис кои први испливаа до целта.
Им честитам и на сите останати натпреварувачи кои дадоа сѐ од себе.
#ОхридскиПливачкиМаратон
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Ми беше огромно задоволство, на првиот ден од новата учебна година, да ги поздравам првачињата од ООУ „Јан Амос Коменски“. Оваа посета ми ги врати спомените од моите училишни денови кои ги поминав токму во ова скопско училиште. Првачиња среќно и успешно!

Ми беше огромно задоволство, на првиот ден од новата учебна година, да ги поздравам првачињата од ООУ „Јан Амос Коменски“.

Оваа посета ми ги врати спомените од моите училишни денови кои ги поминав токму во ова скопско училиште.

Првачиња среќно и успешно!
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Со директорот на Центар за управување со кризи, Стојанче Ангелов разговаравме за потребата од реформи во системот за управување со кризи, измени на Законот за управување со кризи и за владината одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Со директорот на EPLO Спиридон Флогаитис. Разговаравме за нивните истражувачки активности, важноста од промоција на владеење на правото и поддршка во градење на демократските капацитети на институциите. Ги разгледавме можностите за идна соработка со македонските институции.

Со директорот на EPLO Спиридон Флогаитис.
Разговаравме за нивните истражувачки активности, важноста од промоција на владеење на правото и поддршка во градење на демократските капацитети на институциите. Ги разгледавме можностите за идна соработка со македонските институции.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Со претставници на United Macedonians. Разговаравме за нивните активности во интерес на македонската заедница во Канада, за нивната улога во економскиот и демократски развој на земјава, како и за прашањата од национален интерес, коишто ги засегаат и македонските иселеници.

Со задоволство и особена чест присуствував на одбележувањето на 25 годишниот јубилеј од епископската хиротонија на Скопскиот бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, и на литургискиот споменден на Света Мајка Тереза, во нејзината родна парохија „Пресвето Срце Исусово“.

Добредојде за новиот шеф на EU Delegation to North Macedonia Michalis Rokas. Со Ваша поддршка, уверена сум дека можеме да напредуваме и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки. 🇲🇰 🇪🇺

Добредојде за новиот шеф на EU Delegation to North Macedonia Michalis Rokas.
Со Ваша поддршка, уверена сум дека можеме да напредуваме и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки. 🇲🇰 🇪🇺
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Со задоволство присуствував на карневалот во рамки на Тиквешкиот гроздобер 2024. Најстара манифестација од ваков вид, кај нас, којашто со својата автентичност и уникатност ревносно ги негува македонската винска култура и традиции. Посакувам успешна берба и бериќетна година.

Со задоволство присуствував на карневалот во рамки на Тиквешкиот гроздобер 2024.

Најстара манифестација од ваков вид, кај нас, којашто со својата автентичност и уникатност ревносно ги негува македонската винска култура и традиции.

Посакувам успешна берба и бериќетна година.
Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) 's Twitter Profile Photo

Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес. Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме македонската република пристојно место за живеење.

Наша должност е да ги оставиме на страна поделбите и да се сплотиме околу општото добро и јавниот интерес.
Мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети за да ја направиме македонската република пристојно место за живеење.