„Ќе побарам мозок наместо срце“,рече Плашилото, „затоа што будалата не би знаел што да прави со срцето,дури и да го има.
„Ќе го земам срцето“,одговори лимениот човек, „бидејќи интелигенцијата не го прави човекот среќен,а среќата е најубавото нешто на светот“.
★ Волшебникот од Оз
Светле, не се куца на тастатура со толкави вештачки нокти. Ај што го утна списочево со населбите што ќе имаат или немаат вода, да не напраи и пермутација на бројки па место 15часа да не требаше 51 да искуцаш. Жити се провери се уште еднаш...
На тик ток гледам клипчиња како да го дресираш кучето да те имитира. Кренеш рака, тоа исто ко тебе, кренеш две раце, тоа исто ко тебе прави и така. Се поднаучи изминатиов месец да ме имитира. Сега му викам ај покажи сеа сѐ што знаеш и еве го испразни пола фрижидер за три минути
Кога една иста работа ја повторуваш х пати,а очекуваш различен резултат,тоа се вика лудост.Така рекол Алберт Ајнштајн.Иако е многу логично и очигледно, башка ете и Ајнштајн ни нацртал, ние обичните изгледа не можеме да видиме и да сфатиме.Друго објаснување за нашево лудило немам.
Има едни на инста, инфлуенсерки, ги украсуваат корпите на точаците со вештачко цвеќе, букети што ја знам што....и ме имаш мене со расад од патлиџани and I think its beautiful...