ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile
ehemija.mk

@ehemijamk

Најголема дигитална збирка на дидактички материјали по хемија

ID: 1408820148589498375

linkhttps://ehemija.mk/ calendar_today26-06-2021 16:13:37

21,21K Tweet

3,3K Takipçi

3,3K Takip Edilen

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Абе само кажете што ве мачи, хемијата е тука ! Стронциум алуминатот сам по себе не свети, но кога е легиран со мали количини на европиум и диспрозиум, тогаш настанува ефект на фосфоресценција, односно долготрајно светење во темнина по изложување на светлина (особено УВ).

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Хемијата е мајстор расипи - поправи! Научниците во Јапонија развиле пластика што целосно се раствора во морска вода. Овој иновативен материјал е направен од полимер што се формира преку јонски врски, за разлика од ковалентните врски кои ги прават обичните пластики неразградливи.

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Во 1860 година, во Карлсруе, се собрале најпознатите хемичари за да решат колку„тежи“еден атом. Каницаро го претставил својот труд: правила за разликување на атомски и молекулски маси. Менделев ќе рече: „Откако го прочитав трудот на Каницаро, како да ми падна превезот од очите“!

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Добра вест од Меѓународната хемиска олимпијада – IChO 2025, што се одржа во Дубаи: 🥈 Сребрен медал за Марио Ванчоски од Штип 🥉 Бронзен медал за Петар Мирчевски од Прилеп 🎖 Пофалница за Теона Ана Георгиевска од Скопје *чекам слики

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

На денешен ден, во 1867 година, Алфред Нобел за првпат ја демонстрирал разорната моќ на динамитот во каменолом. Само една година претходно, успеал да го припитоми нестабилниот бес на нитроглицеринот и да го претвори во послушен слуга на човечкиот напредок.

На денешен ден, во 1867 година, Алфред Нобел за првпат ја демонстрирал разорната моќ на динамитот во каменолом.
Само една година претходно, успеал да го припитоми нестабилниот бес на нитроглицеринот и да го претвори во послушен слуга на човечкиот напредок.
ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Ова е азбест – силикатен минерал со влакнеста кристална структура. Од „материјал на векот“(термички стабилен, хемиски инертен, евтин, траен, лесен за изработка), стана наш кошмар: кога ќе се оштети, ослободува невидливи влакна што предизвикуваат азбестоза и рак на белите дробови.

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Екскузивно (и со изим на професорот Миха) !!! Браво за Марио и целиот тим!

Екскузивно (и со изим на професорот Миха) !!!
Браво за Марио и целиот тим!
ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Вискозитет не е исто со вискозност... Првиот поим означува физичка величина, а вториот се однесува на соодветната појава. Така, вискозитетот е мерка за отпорот што еден флуид го покажува при смолкнување (односно, при течење). На пример, водата има мала вискозност, а медот голема.

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

На денешен ден, 1869 година, Иполит Меж-Муриес го патентирал маргаринот како евтина замена за путер, на барање од Наполеон III, за потребите на армијата и сиромасите. Маргаринот, направен од говедски лој и млеко, го добил името поради бисерниот сјај на смесата (μαργαρίτης–бисер).

На денешен ден, 1869 година, Иполит Меж-Муриес го патентирал маргаринот како евтина замена за путер, на барање од Наполеон III, за потребите на армијата и сиромасите.
Маргаринот, направен од говедски лој и млеко, го добил името поради бисерниот сјај на смесата (μαργαρίτης–бисер).
ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Течностите имаат определен волумен, но не и сопствен облик – го примаат обликот на садот во кој се наоѓаат; за разлика од гасовите, не го исполнуваат целиот волумен на садот ако тој е поголем од нивниот...

Мумификацијата е тивок претходник на хемијата – древна уметност каде вредните раце, без формули и равенки, користеле физички и хемиски процеси за да го измамат распаѓањето и да ја сочуваат вечноста. ehemija.mk/hemija-za-site…

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Најважен процес е сушењето: телото треба темелно да се дехидрира во натрон (натриум карбонат/сода бикарбона). Дури и најмала количина на влага доведува до формирање не на мумија туку на „гробен сапун“ - грозна, восочна материја, создадена при хидролиза на телесните маснотии.

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Не се плашете, златото не е изгубено! Живата испарува со загревање, оставајќи чисто злато. Овој процес се користел во старите методи на рударство и добивање злато, кога ги измивале речните наноси во лимени садови.

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Лукот има антибактериско, антипаразитско, антивирусно и антимикотско дејство. Алицинот, активната состојка од лукот, се претвора во сулфенска киселина – најбрзиот чистач на слободни радикали - ги штити клетките од оштетување, ги убива бактериите. Без милост. Без компромис. 👀

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Море ко се спирија едно време ученициве со вакви антистрес играчки, абе буквално сите имаа. Им викам - шо мака ве потисна толку, ко да сте претрпеле транзиција, а не тест по хемија:)

Море ко се спирија едно време ученициве со вакви антистрес играчки, абе буквално сите имаа.
Им викам - шо мака ве потисна толку, ко да сте претрпеле транзиција, а не тест по хемија:)
ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Трошичка канцероген, ама со мирис на детство... Порано нафталинот сите го користеа за заштита од молци на јамболиите и волнените ткаенини - сè додека науката не покажа дека зад таа позната арома се крие нешто поопасно...

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

Зборот oxygen (кислород) значи„создавач на киселини“ – од ст.грчки oxys (кисел) и genes (создава). Кумот Антоан Лавоазје, верувал дека сите киселини мора да содржат кислород, но подоцна се покажало дека тоа не е точно: некои киселини, како солната киселина, HCl, немаат кислород.

ehemija.mk (@ehemijamk) 's Twitter Profile Photo

На денешен ден, 1874 година, роден е Јозеф Голдбергер, кој докажа дека пелаграта не е заразна а виновник е еднолична исхрана базирана на нетретирана пченка. Таа имала злокобен прекар: болест на четири Д: дерматитис, дијареја, деменција и смрт(death). А лек? Лекот бил малку пепел.